свет

Над 600 лица се убиени во израелските напади врз Иран

- Најмалку 606 лица се убиени, а 5.332 други се повредени во израелските напади во Иран од 13 јуни, соопшти иранското Министерство за здравство, додавајќи дека меѓу жртвите има жени и деца, без да даде повеќе детали.

Mohammad Sıo  | 24.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Над 600 лица се убиени во израелските напади врз Иран

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 606 лица се убиени, а 5.332 други се повредени во израелските напади во Иран од 13 јуни, соопшти иранското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Министерството соопшти дека меѓу жртвите има жени и деца, без да даде дополнителни детали.

Израел започна на 13 јуни воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни постројки, тврдејќи дека Техеран е на работ да произведе нуклеарна бомба, тврдење што Иран енергично го негира.

Додека Иран започна одмазднички напади со ракети и беспилотни летала, САД се приклучија во конфликтот со бомбардирање на три ирански нуклеарни постројки во неделата.

Израелските медиуми објавија дека Катар посредувал во договорот.

По 12 дена воздушни борби меѓу двата регионални непријатели, американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран за да се стави крај на нивниот конфликт.

Прекинот на огнот стапи на сила денес во 4:00 часот по Гринич, а Трамп ги повика двете страни да не го прекршуваат.

Сепак, израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денес ѝ нареди на својата армија да започне интензивни напади врз Техеран, тврдејќи дека Иран го прекршил примирјето. Иран го негираше тврдењето, ветувајќи решителен одговор на какви било нови напади.

Трамп подоцна изрази незадоволство од Израел, велејќи дека и Тел Авив и Техеран го прекршиле договорот за прекин на огнот.

Според израелските бројки, најмалку 29 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.

Министерство за здравство на Иран објави дека најмалку 606 лица се убиени, а 5.332 се повредени во израелските напади врз Иран од 13 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.