свет

Макрон објави дека Франција официјално ја признава Палестина

„Изјавувам дека денес Франција ја признава државата Палестина“, рече Макрон на меѓународната конференција за Палестина во Њујорк

Muhammed Yasin Güngör, Necva Taştan Sevinç  | 22.09.2025 - Обновена : 23.09.2025
Макрон објави дека Франција официјално ја признава Палестина

ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес објави дека неговата земја официјално ја признава Палестина како држава, јавува Анадолу.

„Изјавувам дека денес Франција ја признава државата Палестина“, рече Макрон на меѓународната конференција за Палестина во Њујорк пред почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации неделава.

Тој нагласи дека признавањето претставува „единствено решение што ќе му овозможи на Израел да живее во мир“.

Макрон рече дека признавањето од страна на Франција „е пораз за Хамас, исто како и за сите оние кои го поттикнуваат антисемитизмот, негуваат антиционистички опсесии и кои сакаат уништување на државата Израел“.

Тој им се заблагодари на другите земји кои неодамна објавија признавање, вклучувајќи ги Андора, Австралија, Белгија, Канада, Луксембург, Малта, Монако, Португалија, Велика Британија и Сан Марино.

Признавањето „го отвора патот за корисни преговори (и е) од корист за Израелците и Палестинците кои работат кон план за мир и безбедност за сите“, додаде Макрон.

Конференцијата, под копретседателство на Франција и Саудиска Арабија, е продолжение на сличниот собир во јули.

Од 7 октомври 2023 година, во воените операции на Израел во Газа убиени се над 65.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.