свет

Курц ја критикуваше ЕУ: „Во Кина за 10 дена прават болница, а ние само водиме расправи“

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека западните демократии во минатото биле многу привлечни, а тоа било тесно поврзано со економскиот успех на западните земји

Ayhan Şimşek  | 15.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Курц ја критикуваше ЕУ: „Во Кина за 10 дена прават болница, а ние само водиме расправи“ (Foto: Abdulhamid Hoşbaş - Anadolu Agency)

МИНХЕН (AA) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската Унија (ЕУ) поради неспособноста во донесувањето на економските одлуки, јавува Агенција Анадолија (АА).

Курц истакна и дека економскиот пад на Европа, исто така, сериозно ја подрива поддршката на демократијата во западните земји.

„Ако ја погледнеме како пример Кина, тие се во состојба да изградат болница за 10 дена, а ние во Европа би имале расправа околу 10 дена кога да го одржиме првиот состанок на кој би разговарале за тоа“, рече Курц во обраќањето на 56. Безбедносна конференција во Минхен.

„И тогаш би требале години за да се донесе одлуката, а тогаш веројатно би требале години за да ја изградиме“, додаде Курц.

Истакна дека западните демократии во минатото биле многу привлечни, а тоа било тесно поврзано со економскиот успех на западните земји.

„Во минатото демократијата, владеењето на законите, слободата на говорот секогаш оделе рака под рака со економскиот успех, раст, богатството. А сега живееме во време во кое и другите системи можат да бидат економски успешни. И мислам дека тоа е нешто што ја менува целата игра“, рече австрискиот канцелар.

Вчера започна 56. Безбедносна конференција во Минхен (MSC 2020) на која секоја година најмоќните политичари и безбедносните експерти разговараат за прашањето на мирот и глобалната безбедност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.