свет

Комитетот на ОИС планира Програма „Ал-Кудс“ за Палестина

Со оваа програма ќе бидат поддржани туризмот, културното наследство, техничкото и стручното образование, вработувањето и претприемништвото, е-трговијата, е-учењето и малите и средните претпријатија

Hülya Ömür Uylaş  | 05.11.2025 - Обновена : 05.11.2025
Комитетот на ОИС планира Програма „Ал-Кудс“ за Палестина

АНКАРА (АА) - Постојаниот комитет за економска и комерцијална соработка (COMCEC) на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ја започнува својата Програма „Ал-Кудс“, која ќе игра клучна улога во поддршката на Палестинците, особено на жените и младите, јавува Анадолу.

41-та сесија на COMCEC се одржа во Истанбул од 1 до 4 ноември за да се разговара за чекорите што треба да се преземат во Палестина со проекти. Програмата „Ал-Кудс“ на COMCEC, претставена во 2020 година, има за цел да ги подобри условите за живот на Палестинците и да ги развие нивните институционални и човечки капацитети.

Оваа година беа додадени уште осум проекти на 20-те проекти што ќе се спроведуваат во рамките на програмата.

Дополнително, нов повик од 15 октомври има за цел да го зголеми бројот на Палестинци кои ќе имаат корист од проектите што ќе се спроведуваат во Ерусалим следната година.

Со оваа програма ќе бидат поддржани туризмот, културното наследство, техничкото и стручното образование, вработувањето и претприемништвото, е-трговијата, е-учењето и малите и средните претпријатија.

Досега се спроведени околу 28 проекти во рамките на Програмата „Ал-Кудс“ на COMCEC, а вкупно 1.087 лица, претежно млади луѓе и жени, имале бенефит од околу 80 активности за развој на капацитетите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın