Кенсингтонска палата: Принцот Вилијам и Кејт добија син
Палатата објави дека Кејт родила син околу 11 часот по локално време, неколку часа откако била примена во болницата „Сент Мери“ во Лондон
London
ЛОНДОН (АА) - Војвотката од Кембриџ, Кејт, и британскиот принц Вилијам станаа родители по трет пат, соопшти Кенсингтонската палата, пренесува Anadolu Agency (АA).
Палатата објави дека Кејт родила син околу 11 часот по локално време, неколку часа откако била примена во болницата „Сент Мери“ во Лондон.
На породувањето присуствувал и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Парот се венча во 2011 година и има четиригодишен син Џорџ и двегодишна ќерка Шарлот.
Бебето е шестиот правнук на кралицата Елизабета II и петто во наследната линија за тронот по дедото, принцот Чарлс, по таткото, принцот Вилијам, по братот и сестрата.
