свет

Катар со поддршка од 100 милиони долари за спречување на гладот во Јемен

Со оваа сума ќе се поддржуваат итните хуманитарни програми на ОН реализирани со цел олеснување на хуманитарната криза во Јемен

Safiye Karabacak   | 22.07.2021
Катар со поддршка од 100 милиони долари за спречување на гладот во Јемен

ДОХА (АА) - Катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамед ал Тани, донесе одлука за обезбедување 100 милиони долари за напорите за спречување на гладот во Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на катарската официјална новинска агенција КНА (QNA), Ал Тани дал инструкции за обезбедување 100 милиони долари како поддршка за напорите на Светската програма за храна при Обединетите нации (ОН) за спречување на гладот и поддржување на безбедноста на храната.

Се истакнува дека со оваа сума ќе се поддржуваат итните хуманитарни програми на ОН реализирани со цел олеснување на хуманитарната криза во Јемен.

Во Јемен подолго време владее политичка нестабилност и судири помеѓу владините сили и Хусите кои се поддржани од Иран.

Хусите од септември 2014 година под своја контрола ги имаат повеќе подрачја во земјата, меѓу кои јеменскиот главен град Сана, додека коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.

Според ОН, 80 отсто од населението во Јемен, каде што се случува една од најголемите хуманитарни кризи во светот, има потреба од хуманитарна помош и заштита.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın