свет

Истражна комисија на ОН за Сирија: Не постои соодветна средина за безбедносно враќање на мигрантите

Комисијата објави извештај од 46 страници во врска со состојбата на хуманитарните права во Сирија во периодот од 1 јули 2020 до 30 јули 2021 година

Bayram Altuğ  | 14.09.2021 - Обновена : 15.09.2021
Истражна комисија на ОН за Сирија: Не постои соодветна средина за безбедносно враќање на мигрантите Фото: Muhammed Said/AA

ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната независна истражна комисија за Сирија при Обединетите нации (ОН) соопшти дека во Сирија не постои соодветна средина за безбедно и чесно враќање на мигрантите во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Комисијата објави извештај, што се состои од 46 страници, во врска со состојбата на хуманитарните права во Сирија во периодот од 1 јули 2020 до 30 јули 2021 година.

Во извештајот се наведува дека забележан е раст на судирите и насилството во северниот и јужниот дел на земјата.

Претседателот на Меѓународната независна истражна комисија за Сирија, Пауло Пинеиро, во врска со извештајот истакна дека во граѓанската војна што трае веќе 10 години во Сирија, страните продолжуваат да вршат воени злосторства и злосторства против човештвото.

Инаку, Комисијата во извештаите објавени претходните години наведе дека активностите на коалицијата под водство на САД во Сирија, активностите на Русија, на режимот, и на терористичката организација ЈПГ/ПКК можно е да бидат вклучени во воените злосторства.

„Продолжува војната против сириските цивили и тешко цивилите да најдат безбедно место или засолниште во оваа земја, која е уништена од страна на војната“, рече Пинеиро.

​​​​​​​Пинеиро укажа на актите на Асадовиот режим врз цивилите, и нагласи дека продолжуваат прекршувањата на основните човечки права на Сиријците.

Во извештајот се наведува дека Асадовиот режим не направил чекор за постигнување усогласување во земјата, и дека Асадовиот режим непрекинато продолжува со арбитрарните приведувања.

Исто така, во извештајот се нагласува дека во Сирија не постои соодветна средина за „безбедно и чесно враќање на мигрантите во земјата“.

Во извештајот се додава дека секој ден сè повеќе се влошува состојбата во зоните што се под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи името СДГ во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın