свет

Иранскиот Совет на чувари одобри закон за суспендирање на соработката со МААЕ

- Иранскиот Совет на чувари денес објави дека одобрил закон за суспендирање на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Haydar Şahin  | 26.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Иранскиот Совет на чувари одобри закон за суспендирање на соработката со МААЕ

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот Совет на чувари денес објави дека одобрил закон за суспендирање на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), јавува Анадолу.

„Предлог-законот, кој беше усвоен од иранскиот Парламент во средата, беше одобрен од Советот на чувари“, изјави Хади Тахан Назиф, портпарол на Советот.

Изјавата беше емитувана на државната телевизија. Со ова законот стана важечки.

Според портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, претставниците на МААЕ сега нема да имаат право да влегуваат во земјата за инспекции сè додека не се гарантира безбедноста на нуклеарните објекти на Иран и мирните нуклеарни активности на земјата.

Овој потег доаѓа по 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, која заврши во вторникот откако американскиот претседател Доналд Трамп прогласи прекин на огнот.

Израел ги нападна иранските нуклеарни и воени објекти на 13 јуни, тврдејќи дека го спречил Техеран да развие нуклеарно оружје. Иран негира дека се стреми кон нуклеарно оружје. САД, исто така, бомбардираа три ирански нуклеарни објекти, велејќи дека биле уништени.

Во меѓувреме, МААЕ побара враќање на инспекторите на оштетените ирански локации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın