свет

Израел ќе ги затвори палестинските територии на три дена

Армијата соопшти дека ќе дозволува само влез на хуманитарни пратки и медицински случаи низ премините кон Газа со дозвола од израелските власти

Ekipa  | 11.04.2021 - Обновена : 12.04.2021
Израел ќе ги затвори палестинските територии на три дена

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел ќе ги затвори премините со окупираните палестински територии на период од три дена, почнувајќи од вторник, соопшти денес израелската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека мерката вклучува целосно затворање на Западниот Брег и затворање на премините со Појасот Газа.

Се додава дека затворањето ќе трае од вторник во 19:00 часот по локално време до четврток, 15 април.

Армијата соопшти дека ќе дозволува само влез на хуманитарни пратки и медицински случаи низ премините кон Газа со дозвола од израелските власти.

Затворањето на премините се случува во период кога Израел го одбележува Меморијалниот ден во чест на припадниците на воениот персонал што го загубиле животот за време на израелските воени операции.

Израел, исто така, го одбележува Денот на нацијата, што го означува создавањето на Израел врз урнатините на Палестина. Палестинците овој ден го именуваа како „Накба“ или „Катастрофа“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın