свет

Израел го призна сомалискиот отцепен регион Сомалиленд како независна држава

„Денес го објавив официјалното признавање на Република Сомалиленд како независна и суверена држава“, соопшти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Rania R.a. Abushamala  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Израел го призна сомалискиот отцепен регион Сомалиленд како независна држава

ЕРУСАЛИМ/ИСТАНБУЛ (АА) – Израел денес го призна сомалискиот отцепен регион Сомалиленд како независна суверена држава, потег за кој се очекува да предизвика бран регионални осуди, јавува Анадолу.

„Денес го објавив официјалното признавање на Република Сомалиленд како независна и суверена држава“, соопшти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху, заедно со министерот за надворешни работи Гидеон Саар и претседателот на Сомалиленд, Абдирахман Мухамед Абдулахи, „потпишаа заедничка и заемна декларација“, се вели во соопштението.

„Оваа декларација е во духот на Абрахамските договори, потпишани на иницијатива на претседателот Трамп“.

Абрахамските договори се договори потпишани во 2020 година меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко за нормализирање на нивните односи.

Според соопштението, Нетанјаху го поканил претседателот на Сомалиленд во официјална посета на Израел.

Нема непосреден коментар од сомалиската Влада во врска со изјавата на Нетанјаху.

Сомалиленд, кој нема официјално признание откако прогласи независност од Сомалија во 1991 година, функционира како де факто независен административен, политички и безбедносен ентитет, при што централната влада не е во можност да воспостави контрола врз регионот, а нејзиното раководство не е во можност да обезбеди меѓународно признавање на независноста.

Сомалиската Влада одбива да го признае Сомалиленд како независна држава, го смета за составен дел од својата територија и ги смета сите директни договори или ангажмани со него како кршење на суверенитетот и единството на Сомалија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın