свет

Израелските нелегални доселеници нападнаа палестински земјоделци кои береа маслинки

Според Комисијата за борба против колонизацијата и Sидот на раздвојување, нелегалните израелски доселеници извршиле 7.154 напади врз Палестинци и нивниот имот на окупираниот Западен Брег во текот на изминатите две години

Aida Cako  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
Израелските нелегални доселеници нападнаа палестински земјоделци кои береа маслинки Фото: Issam Rimawi/AA

СКОПЈЕ (АА) - Израелски доселеници ги нападнаа палестинските земјоделци што береа маслинки, запалија автомобили и го бркаа американскиот новинар Џаспер Натаниел, кој вели дека израелската армија го намамила во заседа, јавува Анадолу.

Тој контактирал со Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД), а ​​тие му рекле дека не можат да го заштитат.

Според Комисијата за борба против колонизацијата и Sидот на раздвојување, нелегалните израелски доселеници извршиле 7.154 напади врз Палестинци и нивниот имот на окупираниот Западен Брег во текот на изминатите две години, при што загинале 34 Палестинци и присилно се раселени 33 бедуински заедници.

Локалните власти соопштија дека повеќе од 1.051 Палестинец се убиени на Западниот Брег, околу 10.300 се повредени и над 20.000 се приведени, меѓу кои 1.600 деца, од почетокот на војната во Газа пред две години.

Меѓународниот суд на правдата во јули минатата година ја прогласи израелската окупација на палестинската територија за нелегална и повика на евакуација на сите населби од Западниот Брег и Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.