свет

Израелските војници убија Палестинец во Ерусалим

Како резултат на огнот отворен од израелските војници, еден Палестинец на северозападот од Ерусалим е ранет во главата, кој во Медицинскиот комплекс во Рамала им подлегнал на повредите

Zeynep Hilal Karyağdı, Qais Omar Darwesh Omar  | 06.04.2021 - Обновена : 07.04.2021
Израелските војници убија Палестинец во Ерусалим

РАМАЛА (АА) - Израелските војници во Ерусалим (Кудс) го убија Палестинецот по име Усама Сидик Мансур (42) и ја ранија неговата сопруга, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека како резултат на огнот отворен од израелските војници, еден Палестинец на северозападот од Ерусалим бил ранет во главата, и дека откако бил пренесен во Медицинскиот комплекс во Рамала им подлегнал на повредите.

Се истакнува дека неговата сопруга е повредена во половината со вистински куршум, и дека таа е на лекување.

Од друга страна, во веста на палестинската официјална агенција ВАФА (WAFA) се наведува дека израелските војници отвориле оган врз возилото во кое се наоѓале Палестинецот и неговата сопруга во близина на Бир Набала, северозападно од Ерусалим.

Меѓу другото се истакнува дека израелските војници синоќа извршиле рација во градовите Бир Набала и Ел-Џејб со десетици возила, а потоа дошло до судири со Палестинците.

Сè уште нема детални информации за настанот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.