свет

Израелската армија го нападна Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими на Западниот Брег

– Силите на израелската армија ги спречија верниците да влезат во џамијата по нападот на окупираниот Западен Брег

Ikrame Imane Kouachi  | 31.08.2024 - Обновена : 01.09.2024
Израелската армија го нападна Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими на Западниот Брег

РАМАЛА (АА) - Израелската армија денес го нападна градот Хеброн, затворајќи ја џамијата Ибрахими и спречувајќи ги верниците да влезат во објектот, наведуваат очевидците и локалната власт, известува Анадолу.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелските сили извршиле рација во населбата Вади ал-Харија, претресувајќи неколку куќи. Тие додадоа дека во населбата Џабал Абу Руман биле забележани војници и снајперисти како заземаат позиции на покривите од станбените згради.

Мутаз Абу Снеина од џамијата Ибрахими рече дека џамијата била затворена денес в зори, без претходна најава.

„Окупаторските сили ја затворија џамијата во 4:00 часот без предупредување, спречувајќи ги верниците да влезат“, рече Абу Снеина.

Израелската армија го потврди затворањето на џамијата преку соопштение на својот профил на социјалната мрежа Х.

Како причина за зголемените безбедносни проверки, како на палестинските, така и на израелските верници, се наведува безбедносната загриженост по диверзантската операција што се случи во петокот вечер во блокот Гуш Ецион и населбата Кармеи Цур. Армијата додаде дека џамијата била накратко затворена од безбедносни причини, а подоцна повторно отворена под строги безбедносни мерки.

Рацијата и затворањето на џамијата дојде само неколку часа откако тројца членови на израелската армија, вклучително и командантот на бригадата, беа повредени во обид за напад со автомобил-бомба во Гуш Ецион на јужниот Западен Брег. Експлозијата се совпадна со нападот во блиската населба Кармеи Цур.

Тензиите низ окупираниот Западен Брег се зголемија за време на бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година се убиени повеќе од 40.600 Палестинци, главно жени и деца.

Според палестинските податоци, на окупираната територија на Западниот брег досега се убиени најмалку 674 Палестинци, околу 5.400 се ранети, а повеќе од 10.300 се приведени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın