Турција, свет

Зеленски пристигна во Турција пред преговорите меѓу Русија и Украина

Зеленски треба да се сретне со Ердоган во Претседателскиот комплекс во Анкара

Büşranur Keskinkılıç  | 15.05.2025 - Обновена : 15.05.2025
Зеленски пристигна во Турција пред преговорите меѓу Русија и Украина

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред мировните преговори меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.

Авионот на Зеленски слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара во 12:14 часот по локално време.

Зеленски на аеродромот беше пречекан од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и официјалните претставници што дојдоа во Турција за состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во јужниот турски град Анталија.

Подоцна Зеленски треба да се сретне со Ердоган во Претседателскиот комплекс во Анкара.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.