свет

Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против Путин

„Мораме заедно да ја спасиме Украина”, порача украинскиот претседател

Talha Yavuz  | 24.02.2022 - Обновена : 24.02.2022
Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против Путин

КИЕВ (АА) ‒ Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во видеопораката што ја сподели на социјалните мрежи, Зеленски рече дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и рече дека започнале со формирање коалиција против Путин.

Наведувајќи дека ги повикал светските лидери да ги спроведат сите можни санкции против Путин, да обезбедат воена помош за неговата земја и да го затворат украинскиот воздушен простор за Русија, Зеленски рече:

„Мораме заедно да ја спасиме Украина.”

Зеленски ја повика јавноста да не паничи, наведувајќи дека направиле сѐ за да ја поддржат Армијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.