свет

Започна состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7

Состанокот ќе трае два дена, а се смета како подготовка за Самитот на претседателите на државите на земјите членки на Г7, што ќе се одржи помеѓу 11 и 13 јуни во подрачјето на Корнвол, што се наоѓа во југозападниот дел на Велика Британија.

Bilal Acar  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Започна состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 ( Foto: David Cliff - Anadolu Agency )

ЛОНДОН

Во Велика Британија, во Лондон започна состанокот на Г7 на ниво од министри за надворешни работи, во чии рамки се состануваат функционерите на 7 индустријализирани земји во светот и на Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).

Г7, чиј претседавач е Велика Британија, се состои од Велика Британија, Германија, САД, Франција, Италија, Јапонија и Канада, додека шефовите на дипломатиите на земјите членки на Г7 за прв пат од почетокот на пандемијата на Ковид-19 ќе се состанат лице в лице.

На овој состанок како гости се поканети министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Индија, Австралија и Јужноафриканската Република, како и Султанатот на Брунеј, кој е претседавач на Асоцијацијата на нациите во Југоисточна Азија (АСЕАН).

Состанокот ќе трае два дена, а се смета како подготовка за Самитот на претседателите на државите на земјите членки на Г7, што ќе се одржи помеѓу 11 и 13 јуни во подрачјето на Корнвол, што се наоѓа во југозападниот дел на Велика Британија.

На состанокот се очекува дека ќе се дискутира за различни теми, како климатските промени, нуклеарните преговори со Иран, војната што продолжува во Сирија, воениот пуч во Мјанмар, пандемијата на Ковид-19, како и прашањата во врска со Русија и Кина.

Од друга страна, министрите за надворешни работи учесници на овој состанок, пред состанокот одржаа и билатерални средби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın