свет

Заменик-министерот за надворешни работи на талибанската администрација, Мутаки, во посета на Турција

Емирхан Мутаки, кој се очекува да пристигне во Турција попладне, ќе оствари средба со некои турски функционери.

Fuat Kabakcı  | 14.10.2021 - Обновена : 15.10.2021
Заменик-министерот за надворешни работи на талибанската администрација, Мутаки, во посета на Турција

АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на талибанската администрација во Авганистан, Емирхан Мутаки, ќе ја посети Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од дипломатски извори, делегацијата на чело со Мутаки замина за Турција со авион од Доха, главниот град на Катар.

Мутаки, кој се очекува да пристигне во Турција попладне, ќе оствари средба со некои турски функционери.

За време на состанокот со западните дипломати во Доха во вторникот, Мутаки рече: „Да се ослабнува авганистанската Влада не е во ничиј интерес, бидејќи негативните ефекти од оваа ситуација директно ќе влијаат врз безбедноста, економијата и миграцијата низ целиот свет.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.