свет

ЕУ и НАТО со честитки до Северна Македонија по повод Денот на независноста

„Честитки до народот на Северна Македонија за нивниот Ден на независноста!“

Elena Trenchevska Chekovic  | 08.09.2025 - Обновена : 09.09.2025
ЕУ и НАТО со честитки до Северна Македонија по повод Денот на независноста Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) – Европската Унија (ЕУ) и НАТО-Алијансата упатија честитки до Северна Македонија по повод Денот на независноста, 8 Септември, пренесува Анадолу.

„Честитки до народот на Северна Македонија за нивниот Ден на независноста!“, порача комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

Во својата честитка на нејзиниот официјален профил на социјалната мрежа на американската компанија X ја истакна поддршката за приклучување кон Унијата:

„Цврсто го поддржувам вашиот пат кон приклучување кон нашата Унија. Со вас сме на секој чекор“, напиша Кос.

НАТО, исто така, го честита Денот на независноста, споделувајќи фотографија од војник на Армијата на Северна Македонија на платформата X со порака:

„Споделете (ја објавата) за да ни се придружите во прославата на Денот на независноста на нашиот сојузник Северна Македонија.“

Северна Македонија стана членка на НАТО во 2020 година, а е земја-кандидат за членство во ЕУ со преговори што започнаа во 2022 година.

Денес, земјата ја одбележува 34-годишнината од својата независност. На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, граѓаните гласаа за независност на земјата.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.