свет

Ерменските војници отворија оган врз азербејџанските и руските војници на границата

Руските граничари ги замолиле азербејџанските војници да не одговараат на инцидентот велејќи дека ерменските војници кои отвориле оган биле пијани

Ruslan Rehimov   | 22.04.2021
Ерменските војници отворија оган врз азербејџанските и руските војници на границата

БАКУ (АА) - Ерменските војници отворија оган врз азербејџанските и руските војници кои ја извршуваат својата задача на границата со Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од Командата на државните гранични служби на Азербејџан се наведува дека по вчерашната посета на ерменскиот премиер Никол Пашинијан во провинцијата Зенгезур, ерменските војници извршиле провокативни акции на границата.

Во изјавата се истакнува дека ерменските војници отвориле оган врз позициите на азербејџанските граничари стационирани во селото Сејитлер во провинцијата Зенгилан и руските граничари кои служеле на ерменска страна.

Се додава дека руските граничари ги замолиле азербејџанските војници да не одговараат на инцидентот велејќи дека ерменските војници кои отвориле оган биле пијани.

Азербејџанските војници на барање на руската страна не одговориле на нападите.

Меѓу другото, се нагласува дека по инцидентот ерменските војници биле протерани од областа од страна на руските војници.

Истиот ден, една ерменска група, која дошла до границата со приближно 40 возила во правец на селото Шурнух од провинцијата Губадли, извикувала пароли против Азербејџан.

Командата на државните гранични служби на Азербејџан предупреди дека доколку се случат повторно такви провокации, ќе биде најостро одговорено.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın