Еден убиен, 19 повредени во руски воздушен напад врз Киев
- Украинските власти соопштија дека 11 лица се хоспитализирани по нападот, а неколку згради се оштетени
МОСКВА (АА) - Едно лице е убиено, а 19 се повредени во руски воздушен напад врз Киев во саботата, соопштија украинските власти, известува Анадолу.
Шефот на регионалната воена администрација, Микола Калашник, на платформата Телеграм објави дека во руски напад во округот Бела Црква е убиена една жена, а 10 се повредени, од кои две се деца.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека најмалку 19 лица се повредени, од кои 11 се хоспитализирани.
Во меѓувреме, украинските медиуми објавија дека Русија синоќа извршила интензивен воздушен напад, користејќи беспилотни летала и ракети.
Во рускиот напад оштетени се повеќекатници, приватни станбени згради, студентскиот дом на образовна институција и инфраструктурни објекти во неколку области на Киев.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
