свет

Грчката Влада можно е да распише предвремени избори кон крајот на март или почетокот на април

Изборите би можеле да се одржат на 26 март, 2 април или 9 април

Ahmet Gençtürk  | 03.01.2023 - Обновена : 04.01.2023
Грчката Влада можно е да распише предвремени избори кон крајот на март или почетокот на април

АНКАРА (АА) - Грчката Влада можно е да распише предвремени избори кон крајот на март или почетокот на април, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Киријакос Мицотакис на состанокот одржан неодамна му кажал на Димитрис Куцумпас, лидерот на Комунистичката партија на Грција, дека можно е да се одржат избори една недела пред или по првата недела од април, јави грчката национална телевизија ЕРТ.

Се додава дека според тоа, изборите би можеле да се одржат на 26 март, 2 април или 9 април.

Телевизијата истакна дека Владата сака да донесе најмалку 30 важни закони пред да ги распише изборите и да подготви мерки кои директно ќе влијаат на социјалните и економските услови на граѓаните, вклучително и големото зголемување на минималната плата.

Се додава дека листата на партиски кандидати ќе биде дефинирана до крајот на овој месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.