свет

Голем марш во Венецуела за поддршка на мирот и против војната на Блискиот Исток

Демонстрантите маршираа извикувајќи слогани и држејќи транспаренти за мир, како и палестински и ирански знамиња

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.06.2025 - Обновена : 21.06.2025
Голем марш во Венецуела за поддршка на мирот и против војната на Блискиот Исток Фото: Ivan Mcgregor/AA

СКОПЈЕ (AA) - Во Каракас, главниот град на Венецуела, се одржа масовен мировен марш на кој илјадници луѓе се собраа за да протестираат поради тековниот конфликт на Блискиот Исток и да изразат поддршка за глобалните напори за мир, јавува Анадолу.

Демонстрантите маршираа извикувајќи слогани и држејќи транспаренти за мир, како и палестински и ирански знамиња.

На протестот говореа и палестинскиот амбасадор Фади Алзабен и претседателот на венецуелското национално Собрание, Хорхе Родригез.

Непријателствата избувнаа минатиот петок кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучително воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека оттогаш се загинати најмалку 25 лица, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.

Во Иран се загинати 639 лица, а повеќе од 1.300 се повредени во израелските напади, според извештаите на иранските медиуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.