Врховниот суд на Британија пресуди дека носењето симболи на ПКК е кривично дело
- Врховниот суд на Велика Британија ги потврди казните на оние кои носеа партали што ја симболизираат терористичката организација ПКК за време на демонстрациите

ЛОНДОН
Врховниот суд на Велика Британија ги потврди казните на оние кои носеа партали што ја симболизираат терористичката организација ПКК за време на демонстрациите, известува Агенција Анадолија (АА).
Во решението се наведува дека според член 13 од Законот за антитероризам од 2000 година, лице прави кривично дело доколку на јавно место носи предмет на начин што создава основано сомневање дека тоа лице е член или поддржувач на забранета организација.
Во одлуката се наведува дека е утврдено дека Рахман Пур, Исмаил Акдоган и Ротинда Демир на демонстрациите во Лондон на 27 јануари 2018 година, во период кога е спроведена операцијата во Африн (операцијата „Маслинова гранка“), носеле партали кои им припаѓаат на ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Велика Британија. Судот смета дека е невозможно овие лица да не знаат дека тоа што го носеле ѝ припаѓа на ПКК, потсетувајќи дека нивните постапки се некомпатибилни со правото на слобода на изразување според членот 10 од Европската конвенција за човекови права и ги осуди на условна казна затвор, и во тој контекст, жалбата до Врховниот суд е одбиена.
Во одлуката се наведува дека менталниот капацитет на еден човек е доволен за тој да знае дали тоа што го носи ѝ припаѓа или не на забранета организација, констатирајќи дека изјавите и зборовите употребени за време на протестот и заведени од страна на полицијата, создаваат основано сомнение за умисла за стореното кривично дело.
Потенцирајќи дека судската практика на Европскиот суд за човекови права поставува правична рамнотежа помеѓу правото на слобода на изразување и потребата да се заштити општеството преку спречување на тероризмот, се истакнува дека нема потреба да се разгледува дали акцијата поттикнала насилство или не, и донесена е одлука за одбивање на жалбата.
Одлуката ќе претставува преседан во случаите кои вклучуваат носење симболи кои ја симболизираат ПКК или други забранети организации во Велика Британија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.