Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Израел
- „Со целата таа врева, со сите тие тврдења, ционистичкиот режим, под ударите на Исламската Република, речиси се распадна и уништи“, рече Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи во видеопорака објавена на неговиот официјален профил на X.

ИСТАНБУЛ (АА) – Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, денес прогласи победа над Израел за време на нивната 12-дневна војна, јавува Анадолу.
„Со целата таа врева, со сите тие тврдења, ционистичкиот режим, под ударите на Исламската Република, речиси се распадна и уништи“, рече Хаменеи во видеопорака до иранскиот народ објавена на неговиот официјален профил на X.
„Ви честитам за победата над лажниот ционистички режим“, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.