свет

Во Њујорк одбележана 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи

– Во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, на кое присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Elena Trenchevska Chekovikj  | 26.09.2025 - Обновена : 26.09.2025
Во Њујорк одбележана 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи

СКОПЈЕ (АА) – Во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, на кое присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пренесува Анадолу.

Сиљановска-Давкова, како што е соопштено од нејзиниот Кабинет, во обраќањето порачала дека посакува и во следните 30 години да продолжи стратегиското партнерство со САД „бидејќи живееме во турбулентни времиња во кои е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план“.

Обраќајќи им се на претставниците од македонската дијаспора, таа им оддаде почит за нивните успеси и им посака да останат сплотени и обединети и изрази уверување дека заедно може да се работи на подобрување на животот во татковината.

„Должни сме кон вас. Јас ветувам дека ќе сторам сѐ да ги интензивираме контактите и тогаш кога сме одвоени“, рече таа, додавајќи дека час поскоро ќе го формира Советот за дијаспора преку кој континуирано ќе се регулираат односите“, соопшти Кабинетот.

На настанот присуствуваа претставници на американски владини институции, македонски дипломати во САД, како и претставници на македонската заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.