свет

Во Рим започна самитот на лидерите на земјите од Г20

На првиот ден од самитот, што се одржува во Италија, лидерите ќе се состанат на сесијата „Глобална економија и глобално здравје“.

Barış Seçkin, Zafer Fatih Beyaz  | 30.10.2021 - Обновена : 31.10.2021
Во Рим започна самитот на лидерите на земјите од Г20 Фото: Мурат Четинмухурдар-Турско Претседателство

РИМ (АА) - Во Рим, главниот град на Италија, започна самитот на лидерите на земјите од групата Г20, која ги опфаќа 20-те најголеми економии во светот и претставниците на невладините организации, јавува Агенција Анадолија (АА).

Отворањето на самитот организиран во Конгресниот центар „Нувола“ започна со пречекувањето на гостите, што во својство на домаќин го организираше премиерот на Италија, Марио Драги.

Драги ги пречека сите гости, меѓу кои и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на влезот од Конгресниот центар.

Италијанскиот премиер и гостите подоцна направија заедничка фотографија.

На првиот ден од самитот лидерите ќе се состанат на сесијата „Глобална економија и глобално здравје“.

Планирано е на самитот да се разговара за економското закрепнување во време на пандемијата, процесот на вакцинација и за здравствени теми во врска со пандемијата.

Поради состанокот, во Рим се преземени силни мерки за безбедност, а значаен дел од квартот во кој се одржува самитот е затворен за цивилен сообраќај. За безбедност на самитот се грижат околу 5.300 припадници на безбедносните сили.

Од друга страна, група активисти за заштита на животната средина во утринските часови одржа протест кој го блокира сообраќајот. Припадниците на безбедносните сили интервенираа и сообраќајот е повторно воспоставен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın