свет

Во операција против ДЕАШ приведено лице со потекло од Северна Македонија

Во операцијата против ДЕАШ, во Германија, приведени се три лица, од кои 24-годишен германски државјанин со потекло од Северна Македонија, како и две лица од 21 и 22-годишна возраст со турско потекло

Erbil Başay   | 12.11.2019
Во операција против ДЕАШ приведено лице со потекло од Северна Македонија (Foto: Arhiva)

БЕРЛИН (АА) - Во операцијата против терористичката организација ДЕАШ извршена со учество на 170 полицајци во градот Офенбах во Германија, приведени се три лица, за кои постои сомнение дека биле во подготовка за извршување напад во земјата. Едно од приведените лица е со потекло од Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според заедничкото соопштение на Обвинителството во Франкфурт и Одделот за кривични дела во Хесен, во рамки на операцијата започната со сомнение дека се врши подготовка за сериозен напад кој претставува закана за државата, извршена е рација на три локации во Офенбах.

Во операцијата приведени се три лица, од кои 24-годишен германски државјанин со потекло од Северна Македонија, како и две лица од 21 и 22-годишна возраст со турско потекло. Се вели дека приведените лица во минатото биле симпатизери на терористичката организација ДЕАШ.

Осомничените се обвинуваат дека биле во подготовка за напад со оружја или експлозивни направи во Рајна-Мајна, дека 24-годишното осомничено лице по потекло од Северна Македонија, купило основни средства за изработка на експлозиви и дека на интернет пребарувал оружја.

Во тек е истрагата за овој случај, во чии рамки се испитуваат и доказите запленети за време на операцијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın