Во Иран се сруши авион за обука
Во несреќата се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, но се во добра здравствена состојба

Ankara
Во иранската покраина Елбурз се сруши авион за обука со лесен мотор, при што се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, авионот за обука се срушил во градот Фердис при покраината Елбурз.
Се истакнува дека во несреќата се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, но дека се во добра здравствена состојба.
Како што се наведува во веста, сè уште не е откриена причината за рушењето на авионот, а продолжува истрагата за откривањето.