свет

Вештерки веслаа низ реката Хадсон во Њујорк пред одбележувањето на Ноќта на вештерките

Учесниците, облечени во различни костими – од класични вештерки до раскошни волшебнички комбинации – веслаа на украсени штици, прославувајќи ја сезоната на Ноќта на вештерките

Aida Cako  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
Вештерки веслаа низ реката Хадсон во Њујорк пред одбележувањето на Ноќта на вештерките Фото: Lokman Vural Elibol/AA

СКОПЈЕ (АА) - Десетици вештерки и волшебници пловеа по реката Хадсон во местото Слипи Холоу, Њујорк, во рамките на годинашниот Фестивал на вештерки СУП, кој се одржа вчера, јавува Анадолу.

Учесниците, облечени во различни костими – од класични вештерки до раскошни волшебнички комбинации – веслаа на украсени штици, прославувајќи ја сезоната на Ноќта на вештерките.

Секоја година на 31 октомври Ноќта на вештерките се одбележува во САД, Ирска, Канада, Порторико, Австралија, Нов Зеланд и други земји.

За време на Ноќта на вештерките луѓето облечени во најразлични костими шетаат низ улиците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.