Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се зголеми на 52.418
- Телата на најмалку 18 убиени и 77 повредени Палестинци се пренесени во болниците во Газа во последните 24 часа.

ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на Палестинци убиени во израелските брутални нападите врз Појасот Газа се зголеми за 18 во последните 24 часа, вкупно 52.418 од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.
Во писмено соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа, се споделени најновите информации во врска со убиените и повредените Палестинци во тековните израелски напади врз Газа.
Телата на најмалку 18 убиени и 77 повредени Палестинци се пренесени во болниците во Газа во последните 24 часа.
Најмалку 2.326 Палестинци се убиени, а 6.050 се повредени во нападите извршени од израелската армија од 18 март, кога Израел го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на заробеници договорен на 19 јануари во Газа.
Бројката на Палестинци убиени во израелските брутални напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 52.418, а бројот на повредени достигна 118.091.
Се стравува дека сè уште има илјадници мртви под урнатините во Појасот Газа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.