свет

Би-би-си, АФП, АП и Ројтерс објави филм со повик да им се овозможи на меѓународните новинари пристап во Газа

Филмот, кој го раскажува искусниот новинар на Би-би-си, Дејвид Димблеби, се потпира на познати новинарски снимки за да ја потенцира улогата на независното известување во клучни моменти од поновата историја

Aysu Biçer  | 26.09.2025 - Обновена : 26.09.2025
Би-би-си, АФП, АП и Ројтерс објави филм со повик да им се овозможи на меѓународните новинари пристап во Газа

ЛОНДОН (АА) – Би-би-си заедно со агенцијата Франс прес (АФП), Асошиејтед прес (АП) и Ројтерс објавијa краткометражен филм во кој упатуваат повик до израелските власти да им овозможат на меѓународните новинари пристап во Газа, јавува Анадолу.

Филмот, кој го раскажува искусниот новинар на Би-би-си, Дејвид Димблеби, се потпира на познати новинарски снимки за да ја потенцира улогата на независното известување во клучни моменти од поновата историја.

Дебора Тернес, извршна директорка на Би-би-си њуз, во четвртокот изјави: „Како новинари, ние го снимаме првиот дел од историјата. Но во овој конфликт известувањето е само од мал број палестински новинари што плаќаат ужасна цена.“

„По две години конфликт мора да ни биде дозволено да влеземе. Да работиме заедно со локалните новинари. За да можеме сите да ги изнесеме фактите пред светот.“

Филмот премиерно беше прикажан во среда навечер на настан организиран од Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), што се совпадна со Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во моментов, на независните меѓународни новинари им е забранет влез во Газа, поради што известувањето за конфликтот зависи од локалните новинари што работат со вонреден ризик.

Од октомври 2023 година израелската армија уби повеќе од 65.500 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, во Газа.

Воздушните и копнени напади ја оставија Газа во голема мера ненаселена, а нејзиното население е изложено на глад и болести.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против палестинската енклава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.