свет

Асадовиот режим во граѓанската војна во Сирија околу 82.000 пати користел барел бомби

Сириската мрежа објави извештај во врска со нападите на Асадовиот режим извршени со барел бомби во периодот од јули 2012 до април 2021 година

Ethem Emre Özcan  | 16.04.2021 - Обновена : 18.04.2021
Асадовиот режим во граѓанската војна во Сирија околу 82.000 пати користел барел бомби

АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека Асадовиот режим во нападите извршени во последните девет години во цивилните населени места во различни зони во земјата кои се под контрола на опозицијата, 81.916 пати користи барел бомби, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сириската мрежа објави извештај во врска со нападите на Асадовиот режим извршени со барел бомби во периодот од јули 2012 до април 2021 година.

Според тоа, силите на режимот во овој период, 81.916 пати користеле барел бомби во нападите извршени врз цивилните населени места кои се под контрола на опозицијата.

Се истакнува дека во овие напади загинале 11.087 лица, од кои 1.821 дете и 1.780 жени.

Силите на режимот во 2012 година 2.314 пати користеле барел бомби, во 2013 година 14.976 пати, во 2014 година 19.654 пати, во 2015 година 17.318 пати, во 2016 година 12.958 пати, во 2017 година 6.243 пати, во 2018 година 3.601 пат, во 2019 година 4.378 пати и во 2020 година 474 пати користеле барел бомби, додека во 2021 година не се регистрирани некои случаи на користење барел бомби.

Од 2012 година досега режимот изврши 93 напади со хемиско оружје.

Градовите кои најмногу се таргетирани со барел бомби се Дамаск, Алепо, Дера и Идлиб, додека најголем број на смртни случаи како резултат на нападите извршени со барел бомби се регистрирани во Алепо.

Здравствените центри во Сирија 104 пати беа таргетирани со барел бомби, додека училиштата, 188 пати, месџидите 205 пати и пазарите 57 пати биле таргетирани со барел бомби.

Се нагласува дека Асадовиот режим овие барел бомби ги користи како оружје, со цел раселување на цивилите, и дека како резултат на нападите на режимот и неговите поддржувачи се раселени милиони цивили.

- Функционери на режимот кои извршиле воени злосторства со користење барел бомби -

Во овој извештај се споделени и имињата на функционерите на режимот кои извршиле воени злосторства и се сметаат за одговорни за користење барел бомби.

Според извештајот, имињата и позициите на истакнатите функционери на режимот се следни:

Лидерот на режимот и врховниот командант на Вооружените сили на Сирија, Башар Асад;

Министерот за одбрана, Али Абдулах Ејуб;

Шефот за воздухопловно разузнавање, Џемил Хасан;

Заменик-шефот за воздухопловно разузнавање, Гасан Исмаил;

Шефот на военото разузнавање, Кифа Милхим;

Поранешниот шеф на военото разузнавање, Мухамед Махла;

Командантот на Воздухопловните сили, Хасан Али;

Поранешниот командант на Воздухопловните сили, Ахмед Белул;

Мухамед Билал, одговорен за развивање оружје при Воздухопловните сили;

Директорот за безбедност при 4. Корпус, Гасан Билал;

Али Ванус, едно од лицата кои организирале користење хемиско оружје во воздушните напади.

Командантот во воздухопловната база „Хмејмим“, Беди ел Муале;

Командантот на Воениот аеродром во Деир ез Зор, Мухамед Јусуф ел Хасури;

Координаторот помеѓу Центарот за истражувања и безбедосните единици, Гасан Абас;

Одговорното лице на Канцеларијата за воздухопловно разузнавање во Мезе, Јасин Ахмед Дахи;

- Цената на барелните бомби е мала, но нивниот ефект е голем -

Режимот ги претпочита овие барел бомби поради ниската цена (околу 50 долари), и поради тоа што имаат голем деструктивен ефект.

Исто така, режимот со барел бомби претежно ги таргетира цивилните зони, и има за цел резултатот да биде со најголем број на жртви и големи разурнувања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın