свет

Априлски снег прекри неколку европски земји

- Шпанија во април влезе со најниски температури во последните 20 години. Според информациите од Управата за метеорологија, ќе има врнежи од снег во северните предели од земјава, а невреме во останатите региони.

Selen Temizer  | 01.04.2022 - Обновена : 03.04.2022
Априлски снег прекри неколку европски земји Фото: Дурсун Ајдемир / АА

БРИСЕЛ (АА) - Неколку земји во Европа во април влегоа со врнежи од снег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Белгија, Германија, Холандија и Шпанија управите за метеорологија издадоа предупредувања за неповолни временски услови.

Белгија, во која со недели преовладува пролетното време, утрово се разбуди со бел пејзаж. Управата за метеорологија на Белгија даде жолт аларм поради невремето во некои региони и извести дека врнежите од снег ќе продолжат.

Холандија веќе два дена е под влијание на снежни врнежи. На автопатите создадени се километаски редици, особено околу метрополите како што се Хаг, Амстердам и Утрехт.

На ридовите во близина на Велуве и Нејмеген, падна над 10 сантиметри снег, а беше издаден жолт аларм за осум покраини.

Во Германија на првиот ден од април падна снег и во високите предели на земјата и во подрачјето на Вестфалија на запад. Возила за борба против снегот работеа вдолж автопатот А2 во Вестфалија.

Исто така, соопштено е дека снег паднал и во алпските региони Шварцфалд и Швабише во покраината Баден-Вуртемберг, а во текот на денот се очекуваат врнежи од снег и во покраините Саксонија, Саксонија Анхалт и Туринген.

Денеска имаше снежни врнежи и во некои делови на Швајцарија. Слаби врнежи од снег се забележани во утринските часови во планинските предели и градовите околу Женевското Езеро.

Шпанија, пак, во април влезе со најниски температури во последните 20 години. Според информациите од Управата за метеорологија, ќе има врнежи од снег во северните предели од земјава, а невреме во останатите региони.

Соопштено е дека временските услови кои се под влијание на бурата Кирил и температурите од 5 до 10 степени под сезонската нормала ќе се задржат до 3 април.

Властите ги предупредија граѓаните за снег на север и голомразица во другите региони. Меѓу другото, се наведува дека ќе има прекини во патувањата вдолж брегот на Средоземното Море.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın