свет

Американско-израелската војна врз Иран во 4 недела: Демократите го обвинуваат Трамп дека лаже за преговорите со Техеран

Ван Холен вели дека Трамп не ја кажува вистината кога тврди дека Иран учествува во преговори и дека е подготвен да ги прифати сите американски барања за прекин на конфликтот

Şilan Turp  | 24.03.2026 - Обновена : 24.03.2026
Американско-израелската војна врз Иран во 4 недела: Демократите го обвинуваат Трамп дека лаже за преговорите со Техеран

АНКАРА (АА) – Додека војната на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел против Иран влегува во својата четврта недела, демократскиот сенатор Крис Ван Холен го обвини претседателот Доналд Трамп дека лаже за одржувањето преговори со Техеран, јавува Анадолу.

Ван Холен вели дека Трамп не ја кажува вистината кога тврди дека Иран учествува во преговори и дека е подготвен да ги прифати сите американски барања за прекин на конфликтот. „Знаеме дека лаже“, вели сенаторот во изјава за „Си-ен-ен“.

Спорните „преговори“ на кои се повика Трамп се однесуваат на дискусии преку тајни канали со цел прекинување на војната, вклучувајќи ги и барањата Иран да го запре збогатувањето со ураниум, да ги отстрани залихите на збогатен ураниум и повторно да го отвори Ормускиот Теснец за меѓународен транспорт на нафта.

Ван Холен, исто така, предупреди дека секој американски напад врз енергетската инфраструктура на Иран, вклучувајќи ги и плановите насочени кон островот Харг, главниот терминал за извоз на нафта на Иран, веројатно би претставувал воено злосторство и би го прекршил меѓународното право.

Трамп вчера на својата платформа „Трут соушал“ тврдеше дека преговорите со Иран се одвиваат многу добро и продуктивно, најавувајќи петдневна пауза од нападите кон иранските електрани и енергетската инфраструктура.

И претседателот на иранскиот Парламент, Мухамад Багер Галибаф, и портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Багаи, цврсто ги отфрлија тврдењата на Трамп, изјавувајќи дека не се одржани никакви директни или индиректни преговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın