Американските претставници пристигнаа во Израел за разговори за спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа
Средбите ќе се фокусираат на прашањата поврзани со втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, како што се формирањето мултинационална работна група во Појасот Газа, повлекувањето на израелската Армија од енклавата...

ИСТАНБУЛ / ЕРУСАЛИМ (АА) - Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денес пристигнаа во Израел на разговори за спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа, јави израелскиот јавен сервис КАН, пренесува Анадолу.
Израелскиот весник „Хаарец“, цитирајќи информирани извори, објави дека се очекува Виткоф и Кушнер, кој е неформален советник на администрацијата на Трамп, да се сретнат со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи израелски претставници.
Средбите ќе се фокусираат на прашањата поврзани со втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, како што се формирањето мултинационална работна група во Појасот Газа, повлекувањето на израелската Армија од енклавата и разоружувањето на Хамас, објави весникот.
Разговорите, според „Хаарец“, имаат за цел да ја постават основата за претстојната посета на потпретседателот Џ.Д. Венс на Израел.
Се очекува Венс да пристигне во Израел утре за да разговара за прашања поврзани со договорот за прекин на огнот во Газа, според израелските медиуми.
На 29 септември, Трамп јавно презентираше мировен план од 20 точки за Газа кој вклучуваше итен прекин на огнот и постепено ослободување на заложниците и затворениците.
Израел и палестинската група Хамас се согласија со првата фаза од договорот, со формално негово потпишување на 9 октомври. Договорот беше постигнат со помош на медијатори од САД, Катар, Египет и Турција. Прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври.
Од октомври 2023 година, во геноцидната војна на Израел во Газа убиени се повеќе од 68.000 Палестинци, а над 170.000 се повредени, според Министерството за здравство на Газа.
Израелската војска уби десетици Палестинци во новите напади вчера откако го обвини Хамас за кршење на прекинот на огнот, што групата го негираше.
Трамп изјави дека прекинот на огнот во Газа е сè уште на сила.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.