свет

Американскиот државен секретар и Нетанјаху го посетија Sидот на плачот кај Ал-Акса пред разговорите за нападот во Доха

Рубио беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, за време на неговата посета на местото

Ikrame Imane Kouachi  | 14.09.2025 - Обновена : 14.09.2025
Американскиот државен секретар и Нетанјаху го посетија Sидот на плачот кај Ал-Акса пред разговорите за нападот во Доха

АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес го посети Sидот на плачот (Ѕидот Ал-Бурак) кај џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, во рамките на посетата на Израел, пренесува Анадолу.

Рубио беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, за време на неговата посета на местото, соопшти израелскиот јавен сервис КАН.

Тројцата претставници се помолија на ѕидот и ставија пораки меѓу неговите тули, што е локална традиција, додека нивните сопруги се помолија во посебниот дел за жени, објави „Тајмс оф Израел“.

Подоцна ги обиколија тунелите на Западниот ѕид што се наоѓаат под муслиманскиот кварт во Стариот град.

Познат кај Евреите како „Западен или Ѕид на плачот“, ѕидот Ал-Бурак е западниот дел од комплексот на џамијата Ал-Акса, кој за муслиманите претставува трето најсвето место во светот. Евреите го нарекуваат ова подрачје „Ридот на храмот“, тврдејќи дека тоа било место на два еврејски храма во старо време.

Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година, потег што меѓународната заедница никогаш не го одобри.

Се очекува Рубио на разговорите во Израел да разговара за последиците од израелскиот воздушен напад врз раководството на Хамас во Доха, при што загинаа пет членови на групата.

Нападот се случи додека Хамас разговараше за предлогот на САД за прекин на израелската војна во Газа, каде што од октомври 2023 година се убиени речиси 65.000 Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın