свет

Американскиот војник кој го критикуваше повлекувањето на САД од Авганистан излегува пред суд

Адвокатот Тим Парлаторе изјави дека неговиот клиент, потполковникот Стјуарт Шелер, ќе преземе одговорност за своите постапки пред Воениот суд во процесот кој би требало да започне денеска во кампот „Лежен“ во сојузната држава Северна Каролина

Mehmet Alaca   | 14.10.2021
Американскиот војник кој го критикуваше повлекувањето на САД од Авганистан излегува пред суд

КАМП ЛЕЖЕН (АА) - Американскиот командант на баталјон, потполковникот Стјуарт Шелер, кој е сменет по критикувањето на Соединетите Американски Држави (САД) поради повлекувањето од Авганистан, ќе се појави пред Специјалниот воен суд, јавува Агенција Анадолија (АА).

Адвокатот Тим Парлаторе изјави дека неговиот клиент, потполковникот Шелер, ќе преземе одговорност за своите постапки пред Воениот суд во процесот кој би требало да започне денеска во кампот „Лежен“ во сојузната држава Северна Каролина.

Парлаторе додаде дека откако Шелер ќе ја признае вината, очекуваат сослушувањето на пресудата да трае два дена.

Шелер во видеото кое го објави на 26 август изјави дека воените челници би требало да одговараат за повлекувањето од Авганистан, откако во Кабул се убиени 13 американски војници.

Кратко потоа е сменет од чело на Командата за напредна пешадиска обука.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın