свет

Аеродромот Истанбул номиниран во анкетата „Најдобрите светски аеродроми“

Аеродромот ќе биде вклучен во анкетата „World's Best Awards 2021“, што се организира секоја година од американски магазин со седиште во Њујорк, во категоријата „Најдобрите 10 меѓународни аеродроми во светот“.

Abidin Mutlu Bozdağ   | 14.01.2021
Аеродромот Истанбул номиниран во анкетата „Најдобрите светски аеродроми“

ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ ќе се натпреварува со меѓународните аеродроми во анкетата „Најдобрите 10 меѓународни аеродроми во светот“ во организација на магазинот „Travel and Leisure“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според изјавата дадена од ИГА (İGA), оператор на аеродромот „Истанбул“, аеродромот ќе биде вклучен во анкетата „World's Best Awards 2021“, што се организира секоја година од американски магазин со седиште во Њујорк, во категоријата „Најдобрите 10 меѓународни аеродроми во светот“.

Анкетата, на која читателите ќе гласаат започна на 11 јануари, се очекува да продолжи до 10 мај. Резултатите се планира да бидат објавени на веб-страницата на списанието во септември.

За гласање, потребно е да ја посетите „https://wba.m-rr.com/home“ и да ги следите потребните чекори.

- Достигнувања на аеродромот „Истанбул“

Во истражувањето кое се спроведува за прв пат по епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), аеродромот „Истанбул“, на кого му беа доделени многу меѓународни сертификати во овој процес, се натпреварува со важните аеродроми во светот.

Аеродромот „Истанбул“ потпишувајќи го „Ковид-19 протоколот за здравствена безбедност во воздухопловството“ објавен од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (ЕАСА) стана првиот аеродром во светот што го доби сертификатот „Аеродромска здравствена акредитација“ издаден од Меѓународниот совет за аеродроми (ACI), како потврда за успешните мерки преземени за време на епидемискиот процес.

Аеродромот „Истанбул“, ја доби „Наградата за дигитална трансформација“ доделена во рамките на „16-тите награди на Меѓународниот совет за аеродроми (ACI) Европа“.

Исто така аеродромот „Истанбул“ го доби признанието „Аеродром со 5 ѕвезди“ од страна на Меѓународната организација за истражување на летањето „Скајтракс“ (Skytrax) со седиште во Лондон.

Во категоријата „Најдобри 10 меѓународни аеродроми во светот“, се прават проценки во однос на пристапот, пријавувањето, безбедноста, областите за храна и пијалоци, купувањето и дизајнот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.