свет

Администрацијата на Бајден тврди дека Трамп со Русија ги споделил анкетите на кампањата за претседателските избори 2016

Администрацијата на Бајден тврди дека Трамп со Русија ги споделил анкетите на кампањата за претседателските избори во 2016 година

Emre Aytekin  | 16.04.2021 - Обновена : 19.04.2021
Администрацијата на Бајден тврди дека Трамп со Русија ги споделил анкетите на кампањата за претседателските избори 2016

АНКАРА

Во Соединетите Американски Држави (САД), администрацијата на Џо Бајден, во врска со санкциите кои ги најави против Русија за сајбернапад и интервенција на изборите, тврди дека поранешниот претседател Доналд Трамп, некои од резултатите од истражувањето ги споделил со лице поврзано со руските разузнавачки служби пред претседателските избори во 2016 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата објавена од Министерството за финансии во врска со санкциите, се тврди дека Пол Манафорт, кој ја водеше предизборната кампања на Трамп во 2016 година, споделил информации со Константин Килимник, политички советник и негов деловен партнер од Русија и Украина.

Во изјавата исто така се забележува дека Килимник, за кого се тврди дека е поврзан со руското разузнавање, „се обидел да рашири лажни информации дека Украина се обидува да интервенира на изборите во 2016 година, а не Русија“.


- Не е познато дали Килимник добиените информации ги доставил на Русија

Константин Килимник е меѓу оние лица кои се санкционирани за нивното влијание врз претседателските избори во САД во 2020 година.

Името на Килимник беше споменато 156 пати во извештајот подготвен по истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мулер во врска со обвинувањата за интервенција на Русија на изборите во 2016 година.

Килимник, кој соработува со Манафорт и управува со неговата канцеларија во Киев, во извештајот беше обвинет за обид да ги импресионира сведоците. ФБИ вети награда од 250.000 долари на оние кои ќе дадат информации што ќе овозможат да биде уапсен.

Не е познато дали Килимник добиените информациите од Манафорт ги доставил на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.