свет

Авганистан го забрани „ТикТок“ бидејќи ја доведува во заблуда помладата генерација

- Блокирана е и популарната јужнокорејска борбена игра ПУБГ

Riyaz Khaliq Khaliq  | 21.04.2022 - Обновена : 26.04.2022
Авганистан го забрани „ТикТок“ бидејќи ја доведува во заблуда помладата генерација

ИСТАНБУЛ (АА) - Привремената Влада на Авганистан предводена од талибанците, ја забрани социјалната мрежа „ТикТок“ како дел од обидот за блокирање на неморална содржина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„„ТикТок“ ја доведува во заблуда помладата генерација“, објави на Твитер, Инамула Самангани, заменик-портпарол на привремената администрација.

Блокирана е и популарната јужнокорејска борбена игра ПУБГ, со образложение дека авганистанските телевизиски канали треба да бидат спречени да емитуваат неморални содржини и програми колку што е можно повеќе.

„Министерството за комуникации и ИТ ќе ги воведе одлуките донесени од Кабинетот“, вели Самангани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın