политика

Хронологија на политичката криза во Македонија

Актуелната политичка криза во Република Македонија се смета за една од поголемите од осамостојувањето на земјата

Admir Fazlagikj  | 15.01.2016 - Обновена : 16.01.2016
Хронологија на политичката криза во Македонија

Скопје

СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Република Македонија Никола Груевски официјално ја достави својата оставка до претеседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, соопштија од Кабинетот на Вељановски.

Оставката ќе биде ефективна 100 дена пред официјалниот датум пред одржување на предвремените парламентарни избори.

Оставката на Груевски произлегува од Договорот за надминување на политичката криза (Договор од Пржино) кој го потпишаа на 15 јули, четирите најголеми политички партии во Македонија, ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со посредство на претставниците на меѓународната заедница, САД и ЕУ.

-Повеќегодишна политичка криза-

Политичката криза во Република Македонија владее веќе неколку години наназад, но нејзиното продлабочување започна уште од парламентарните избори одржани во април 2014 година, кога опозицијата, предводена од СДСМ, одлучи да не ги признае резултатите од изборите и започна со вонистутиционални активности, одржувајќи протести, демонстрации, улични маршови и други граѓански собири. Лидерот на опозицијата на Зоран Заев, кон крајот на 2014 година, во неколку наврати имаше средби со премиерот Груевски, на кој му зборуваше дека поседува компромитирачки материјали од странските служби, каде може да се слушне за злоупотреба на власта, криминалот и корупцијата, спомнувајќи го проектот "Скопје 2014" за кој истакнуваше дека постои голема злоупотреба.

Премиерот Груевски на почетокот на минатата, 2015 година, ова и го соопшти на македонската јавност на вонредна конференција, изјавуваќи дека се работи за обид задржавен удар и нелегитимно доаѓање на власт од страна на лидерот на опозицијата Заев и неговите соработници. За случајот „Пуч“ и македонскиот суд почна судска постапка.

На почетокот на минатата година, опозицијата започна со објавување на спомнатите материјали, на јавноста познати како т.н “бомби„ во рамките на проектот “Вистината за Македонија“ , поради што побара оставка од владата предводена од премиерот Груевски. Пoстојано опозицијата организираше протести, а приврзаниците на власта, возвраќаа со контра-протести и контра-активности. Меѓутоа, сите овие случувања ги засени вооружениот судир на македонската полиција со вооружената група во кумановската населба „Диво насеље“, кој се случи на 9-ти мај минатата година, кога за време на растурање на вооружената група животот го загубија осум македонски полицајци, а триесеттина беа повредени.

Од друга страна, триесетмина члена од воружената група беа приведени. Три дена после овој случај, на 12 мај 2016-та, оставки поднесоа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и шефот на Службата за контраразузнавање Сашо Мијалков. Ваквата косталација на односи помеѓу клучните политички актери на македонската политичка сцена допринесе во решавањето на кризата да се вклучат претставници на меѓународната заедница (САД и ЕУ), лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија и по долготрајните и тешките преговори да стават потпис на Договорот за надминување на политичката криза, попознат како Договор од Пржино. -Договорот од Пржино- Договор за надминување на политичката криза- Посредник во овој договор помеѓу македонските партиски лидери беше еврокомесарот Јоханес Хан.

-Договор за надминување на кризата-

Договорот за надминување на политичката криза предвидува одржување на предвемените парламентарни избори за 24 април 2016 година, а пред да се одржат изборите треба да се создадат предусловите за одржување на фер и демократски избори, што според договорот, подразбира најапред враќање на опозицијата во Собранието на Република Македонија,што се случи во септември, потоа следуваат усогласување на Законот за избори, утврдување на методологијата на прочистување на избирачкиот список, избор на членови на ДИК, назначување на министри и заменици министри во актуелната влада, така што на предлог на СДСМ беа назначени новите министри во Министерството за внатрешни работи, Министерствити за труд и социјална политика, како и заменици-министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за администрација и информатичко општество, како и дополнителен заменик-министер во Министерството за финанции, додека, според договорот, премиерот треба да поднесе оставка и владејачката партија да го предложи привремениот премиер кој ќе биде на чело на преодната влада која треба да обезбеди услови за одржување на фер и демократски избори.

На 16 септември, избрана е и специјалната обвинителка Катица Јанева, која со својот тим ќе работи на предметите кои произлегуваат од случаевите „Пуч“ и „Прислушкување„ , како и другите важни судски процеси за Македонија и нејзините граѓани.

Една од обврските на договорот е исто така и Анкетната комисија, која ќе работи на случајот со прислушкувањето.

Исто така, важната точка за која се обрврзаа политичките партии од Договорот за надминување на политичката криза се медиумите, односно нивната регулација, како и воспоставување на ново раководство во јавниот медиумски сервис Македонска радио-телевизија.

Сепак, иако поголемиот дел од обврските кои произлегуват од Договорот од Пржино се преземени, сеуше не е усогласена методологијата на прочистување на избирачкиот список, како и состојбата со медиумите, што се очекува да биде усогласено во наредниот период.

-Меѓународната заедница повикува на доследно спроведување на Договорот од Пржино-

На почитување на Договорот од Пржино и ставање приоритет на граѓаните и државата пред политичките сопствени интереси. Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниери и директорот на ОДИХР Мајкл Георг Линк ги повикаа лидерите на политичките партии во Македонија да дејствуваат во интерес на сите граѓани во земјата и да ги преземат сите потребни чекори за да обезбедат целосна и навремена реализација на сите елементи од договорот во Пржино.

Во соопштението од ОБСЕ, Заниери и Линк потенцираат дека процесот е во значаен период оваа недела и повикаа на целосно имплементирање на договорот вклучувајќи го и формирањето на привремена влада и назначување премиер во согласност со рокот предвиден со договорот и одржување предвремени парламентарни избори на 24 април 2016.

Денеска во Македонија престојува еврокомесарот Јоханес Хан.

Еврокомесарот, како што беше соопштено од неговиот Кабинет, на средбите ќе потсети на одговорноста што тие ја имаат за спроведување на овој Договор, вклучувајќи ја и потребата за обезбедување услови за веродостојни избори, во согласност со веќе усогласените рокови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.