политика

Христијан Мицкоски избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со 376 гласа „за“, Христијан Мицкоски беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16. Конгрес, што вчера и денеска се одржуваше во Валандово. На изборот гласале 428 од 438 запишани делегати, а имало 52 неважечки ливчиња

Admir Fazlagic  | 23.12.2017 - Обновена : 24.12.2017
Христијан Мицкоски избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Христијан Мицкоски е новиот претседтел на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва беше избран на конгресот на оваа политичка партија во Валандово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Со 376 гласа „за“, Христијан Мицкоски беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16. Конгрес, што вчера и денеска се одржуваше во Валандово. На изборот гласале 428 од 438 запишани делегати, а имало 52 неважечки ливчиња.

Откако беше прогласен за новоизбран претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски им се обрати на учесниците на партискиот конгрес при што истакна дека главна цел му е консолидацијата на партијата и победа на следните парламетарни избори.

„Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија - нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија, зошто нашиот народ бара светлина и надеж, бидејќи ова што се случува не е светлина, туку темнина и разочарување", рече Мицкоски.

Тој во својот говор наведе дека ќе се залага за технолошки развој, инвестиции, подобрување во образованието, здравството, намалување на невработеноста, правичност и независно правосудство.

Мицковски порача дека патот на Македонија е членството во ЕУ и НАТО, како и дека за тоа треба реален напредок и решавање на проблемите по пат на дијалог.

На вториот ден од работата на Конгресот се обрати и досегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој побара од новиот претседател на партијата да работи на обединување на партијата, а од политичките опоненти побара национално помирување.

На 16. Конгрес, Груевски беше избран за почесен претседател, а делегатите изгласаа три резолуции, за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, за економски раст и развој и Резолуција за осуда на политичкиот прогон што го спроведува СДСМ.

На Конгресот просуствуваа гости од Демократската унија за интеграција (ДУИ), како и од колициските партнери и претставници на неколку меѓународни институции.

Потсетуваме, на 10 декември, досегашниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше на чело на партијата од 2003 година, поднесе неотповиклива оставка, после што беше закажан вонреден конгрес на партијата кој вчера и денеска се одржуваше во Валандово.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.