Нова ера во односите Турција-Израел
Турско-израелските односи кои влегова во криза по настаните на бродот Мави Мармара, по исполнувањето на предусловите кои Анкара ги побара од Израел во периодот на нормализација вродија со плод.

Ankara
АНКАРА (АА) - НАЗЛИ ЈУЗБАШИОГЛУ -
Турско-израелските односи кои влегова во криза по настаните на бродот Мави Мармара, по исполнувањето на предусловите кои Анкара ги побара од Израел во периодот на нормализација вродија со плод. Двете земји, правејќи ги последните чекори во овој период, за прв пат по 6 години ги именуваа амбасадорите кои ќе ги претставуваат.
Турција, во 67 годишните контакти со Израел покажа покажа почит кон човечките права, регионалните права и почит кон правата за независност на нивната земја и секогаш беше од нивна страна. Повремените падови и издигања во односите меѓу двете земји се резултат на акциите кои Израел ги спроведува врз Палестина.
Повредите кои Израел ги прави врз териториите на околните земји, врз правата на Арапите, особено повредите на правата на Палестинците доведуваа до замрзнување на односите меѓу Турција и Израел, додека во одредени периоди, двете земји се приближуваа до толку што одржуваа заеднички воени вежби и имаа соработка на економски план.
Односите меѓу Турција и Израел кои запреа по кризата со бродот Мави Мармара во 2010 година, започнаа да се придвижуваат кон нормализација откако Израел му се извини на турскиот народ во 2013 година.
Ви ја претставуваме 67 годишната соработка меѓу Турција и Израел:
Израел кој на 14 мај 1948 година ја прогласи својата држава, на 28 март 1949 година беше признат од страна на Турција. Труција беше една од првите земји кои го признaа раководството на Тел Авив.
Турција на 7 јануари 1950 година го испрати својот прв шеф на мисија во новоотворената амбасада во Тел Авив.
Турција, Ирак, Иран, Пакистан и Британија во 1955 година го потпишаа Багдадскиот пакт, кој од страна на Израел беше следен со загриженост и негативно се одрази на линијата Тел Авив-Анкара. По национализацијата на Суецкиот канал од страна на Египет, Израел започна тајни средби со Британија и Франција кои имаа свои акции врз каналот и на 29 октомври 1956 година Израел постави свои војници на територијата на Египет, на што Турција го упати својот протест. На 26 ноември 1956 година односите меѓу двете земји спаднаа на вршители на работи во амбасадите. Да враќање на старите односи меѓу земјите беа потребни 7 години.
Израел во 1967 година со нападите врз Египет, во Шестдневните војни, ги окупираше Источен Ерусалим, Западниот Брег, Синајски Полуостров и Голанската висорамнина во Сирија. Тогаш Турција ја зазема страната на арапските земји. Беше побарано Израел да ги напушти окупираните територи, вклучувајќи ги и ерусалим и Голанската висорамнина.
Во 1970 година владееше заладеност во односите меѓу двете земји. По подметнатиот пожар во џамијата Месџид Ал-Акса во 1969 година, во 1975 година на пленарната седница на Обединетите нации беше донесена одлуката „Ционизмот е еден вид на расизам“, по што поддршка од страна на владата од Анкара и признавањето на Палестинската ослободителна организација, предизвика реакции од страна на Израел.
Билатералните односи беа издигнати на амбасадорско ниво на 1 јануари 1980 година. На 30 јули 1980 година го присоедини источен Ерусалим и именувањето на вечниот град Ерусалим за главен град на Израел, Турција го затвори својот конзулат во Ерусалим, додека претставништвото во Тел авив го симна на најниско ниво.
Во 1986 година повторно односите меѓу двете земји се на ниво на вршители на работи. По една година започна Палестинскиот бунт (Интифада) и откако Турција ја призна независноста на Палестинската држава која беше прогласена на 15 ноември 1988 година, повторно запреа односите меѓу двете земји.
- Ново заживување на односите
Турција која во 1989 година гласаше против резолуцијата со која требаше да и се забрани на Израел да има свој претставник во Обединетите нации, започна периодот на омекнување на односите меѓу земјите.
Во меѓувреме, на Мадридската конференција на која започна Перидот за мир на Средниот Исток, затегнатоста во Арапско-израелските односи влегоа во период на намалување на тензиите. Во 1991 година Палестина и Израел своите претставништва во Анкара ги издигнаа на ниво на амбасади. Ова беше проследено со почетокот на активностите на Генералниот конзулат на Турција во Ерусалим.
Двете страни во 1994 година потпишаа договор на полето на безбедноста, додека во 1996 година беше потпишан договор за соработка и договор на полето од образованието. По договорите за соработка на полето на одбранбената индустрија и слободната трговија, морнариците на Турција, Израел и САД во 1998 година спроведоа зеднички вежби во Средоземното Море.
- Антимировниот став на Шарон
Во деведесттите години, благодарение и на периодот на мирот на Средниот Исток, подобрените односи меѓу Турција и Израел беа нарушени од страна на Антимировниот став на Шарон. Во 2000 година Шарон направи провокативна посета на џамијата Месџид Ал-Акса, која предизвика Втора Интифада (втор палестински бунт). Шарон против палестинците водеше прилично остра политика и ги влоши политичките односи со Турција.
По пет години беа направени чекори за подобрување на односите. Тогашниот министер за надворешни работи Абдула Ѓул и тогашниот пемиер на Турција Реџеп Таип Ердоган во разлика од 4 месеци ги псоетија Израел и Палестина.
Турција остро реагираше по нападите од страна на Израел на Либија на 12 јули 2006 година и нападот на Појасот Газа на 27 декември 2008 година.
На една седница на Светскиот економски форум во Давос во 2009 година, на зборовите на Израелскиот претседател Шимон Перез за легитимно право на Израел за нападите врз Газа и неговото однесување кое ги прекрши границите на дипломатија, реагираше тогашниот премиер на Турција Ердоган. Реакцијата на Ердоган со зборовите “one minute” кај меѓународната заедница предизвика гоелмо одобрување, особено кај арапските земји. Ердоган на Перес му се обрати со зборовите: „Твоето зборење на повисок тон од мојот доаѓа од психологијата на вина. Кога станува збор за убивање, вие многу добро знаете да убивате. Како ги убивавте децата на плажите, како пукавте во нив, многу добро знам“. По ова Ердоган изјави: „По ова за мене Давос заврши“, и ја напушти средбата, по што долго беше на дневниот ред меѓу учесниците и меѓународната јавност.
Есента во 2009 година и на почетокот од 2010 година Израел реагираше на одредени сериски филмови кои биле објавувани во Турција, обвинувајќи ја за создавање на непријателство и во министерството за надворешни работи на Израел беше повикан турскиот амбасадор, седнувајќи го амбасадорот на пониско столче, по што повторно беа влошени односите меѓу двете земји.
- Нападот на Ираел на бродот Мави Мармара
На 31 мај 2010 година беше извршен масакр на бродот Мави Мармара, кој претставува најголема точка на кршење на односите меѓу земјите. Израел во меѓународните води дејствуваше врз бродот кој се обидуваше да ја пробие блокадата за дотур на хуманитарна помош на Газа. Израелската војска на бродот масакрираше 9-мина турски државјани. Еден тешко повреден турски државјанин подоцна им подлегна на повредите.
Турција го повлече својот амбасадор од Тел Авив и од Израел побара веднаш да се извини, на семејствата на загинантите да им плати отштета и укинување на блокадата за Газа.
Бидејќи Израел не презема никаков чекор, односите меѓу двете земји беа сведени на минимум. Дипломатските односи беа симнати на вршители на должност и беа раскинати сите воени договори.
- Период на нормализирање на односите
Израелскиот премиер Нетанјаху, на 22 март 2013 година телефонски го побарал турскиот претседател Ердоган. Во име на Израел, му се извинил на турскиот народ за извршениот масакр и загубените животи на бродот Мави Мармара. Претседателот Ердоган во името на турскиот народ го прифатил извинувањето.
Нормализирањето на турско-израелските односи беше постигнато со помирувањето во Рим на 26 јуни.
Текстот за компромис меѓу двете страни, во сопствените центри беа потпишани во истовремено.
Подоцна содржината на текстот за помирување беа одобрени од израелскиот кабинет и турскиот парламент и започна периодот на именување на амбасадори на двете држави.
- Хуманитарна помош за Газа
Еден од преостанатите ставки за помирување меѓу двете земји беа во рамките на олеснување на санкциите кои се прават кон Газа и подобрување на животните услови. Во таа насока, турскиот брод "Лејди Лејла" со хуманитарна помош, на 1 јули тргна од Мерсин, за Газа.
На 3 јули броот пристигна на израелското пристаниште Ашдод и покрај основните прехрамбени продукти (ориз, шеќер и брашно), беа испорачани и чевли облека и играчки за децата, вкупно 11.000 тони помош.
- Израел го уплати обештетувањето за настраданите од Мави Мармара
Турскиот парламент на 20 август, на пленарната седница на турскиот парламент ја усвои договорот меѓу Турција и Израел.
Израел кој се соглси да исплати 20 милиони доари обештетување за семејствата, во септември го испрати обештетувањето во Турција.
- Именување на амбасадори
Портпаролот на министерот за надворешни работи на Израел Емануел Нахсон, вчера соопшти дека за амбасадор на Израел во Турција е именуван Ејтан Наех.
Турција за амбасадот за свој амбасадор во Израел го именуваше Кемал Окем, советникот на премиерот на Турција Јилдирим. Претседателот на Турција Ердоган, по повод подобрувањето на односите меѓу двете земји и издигнувањето на амбасдорско ниво изјави: „Советникот за надворешни работи на нашиот почитуван премиер Јилдирим, господинот Кемал Окем го именувавме за амбасадор на Турција во Израел. И Израел го именуваше својот амбасадор во Турција.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.