Операција „Извор на мирот“: Турските командоси продолжуваат да напредуваат на истокот на Еуфрат
„Нашите командоси кои учествуваат во операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат да напредуваат на истокот на Еуфрат", соопшти турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Твитер

АНКАРА (AA) - Министерство за одбрана на Турција соопшти дека командните единици кои учествуваат во операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат да напредуваат на истокот на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нашите командоси кои учествуваат во операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат да напредуваат на истокот на Еуфрат", соопшти турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Твитер.
Во објавата споделена е и фотографија од командосите кои напредуваат на теренот, направена со специјални камери за ноќно гледање.
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска, во среда, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот" чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруват да го воспостават јужно од границата со Турција.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствена цел во рамките на операцијата „Извор на мирот".
Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кои се однесуваат на борбата против тероризмот.