образование

Турција: Проектот „Училиште без чевли“ им дава на учениците чувство на дом

Средината им дава на учениците чувство како да се дома, ги одржува смирени, ја зајакнува нивната концентрација и го намалува малтретирањето меѓу врсниците во училиштето

Havva Kara Aydın   | 10.09.2019
Турција: Проектот „Училиште без чевли“ им дава на учениците чувство на дом

АЈДИН (АА) - По реализирањето на проектот наречен „Училиште без чевли“, спроведен во училиште во западната турска област Ајдин, во кој се следи турската традиција на собување чевли по влегувањето во домот, децата во училиштето се чувствуваат како дома, јавува Anadolu Agency (AA).

Проектот „Училиште без чевли“ започна на почетокот од оваа учебна година под мотото „Моето училиште е мојот втор дом“.

Учениците во Основното училиште „Јилмазкој“, кое е редизајнирано со паркет, пред да влезат во училиштето ги собуваат своите чевли и обуваат собни папучи пред започнување со настава.

„Ја започнавме учебната година со цел да едуцираме значителен број ученици“, изјави гувернерот на Ајдин, Јавуз Селим Косгер, и додаде: „Доколку сакате да ја унапредувате и подобрите вашата земја, треба да бидете концентрирани на секоја педа од неа.“

„Но тоа треба да го правите без да ги прекршите сопствените корени и национални вредности на земјата“, изјави тој.

„Наставниците, учениците и родителите мора да ги собујат своите чевли на влезот од училиштето и да ги стават во шкафчиња“, изјави Сејфула Окумус, директорот за национално образование на областа.

Средината им дава на учениците чувство како да се дома, ги одржува смирени, ја зајакнува нивната концентрација и го намалува малтретирањето меѓу врсниците во училиштето.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın