Oткриен фосил на најголемиот диносаурус, со големина од околу 35 метри
Тимот што ги анализираше фосилите верува дека диносаурусот е во сродство со бронтосаурусот и диплодокусот

Buenos Aires
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Истражувањата покажуваат дека фосилите откриени пред неколку години во Аргентина му припаѓаат на најголемиот диносаурус што некогаш постоел, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Proceedings of the Royal Society B“ (Зборник на трудови на Кралското друштво - серија Б).
Се претпоставува дека диносаурусот чии фосили се откриени во 2012 година во Аргентина, тежел 76 тони.
Диносаурусот чии фосили се пронајдени во јужниот дел на Аргентина во 2012 година, бил наречен Patagotitan mayorum (патаготитан мајорум).
Тимот што ги анализираше фосилите верува дека диносаурусот е во сродство со бронтосаурусот и диплодокусот.