„СпејсЕкс“ во вселената лансираше уште 60 интернет сателити
Компанијата има намера со сателитите „Сталинк“ да формира мрежа од 12.000 сателити

АНКАРА (АА) - Американскиот производител на ракети и сателити „СпејсЕкс“ (SpaceX) во вселената лансираше уште 60 сателити, кои се дел од интернет сателитската мрежа „Сталинк“ (Starlink), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитите од базата „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида, се лансирани со помош на ракетата „Фалкон 9“.
„СпејсЕкс“ претходно објави пет лансирања по 60 сателити. Компанијата има намера со сателитите „Сталинк“ да формира мрежа од 12.000 сателити. Проектот би требало да биде завршен во 2027 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.