наука и технологија

„Гугл“ по желба на корисниците автоматски ќе брише одредени податоци

Технолошкиот портал „The Verge“ објави дека „Гугл“ се подготвува за лансирање нова опција која на корисниците им овозможува автоматско бришење на податоците за локацијата и активностите

Tolga Yanık  | 27.06.2019 - Обновена : 28.06.2019
„Гугл“ по желба на корисниците автоматски ќе брише одредени податоци

ИСТАНБУЛ (AA) - Американскиот технолошки гигант „Гугл“ (Google), наскоро, во многу краток период на корисниците ќе им понуди нова опција на автоматско бришење на податоците за историјата на локацијата и активностите на интернет, јавува Anadolu Agency (AA).

Технолошкиот портал „The Verge“ објави дека „Гугл“ се подготвува за лансирање нова опција која на корисниците им овозможува автоматско бришење на податоците за локацијата и активностите.

Како што претходно е наведено од „Гугл“, оваа компанија придава голема важност на тоа на корисниците да им овозможи повеќе можности за управување со податоците.

Корисниците на „Гугл“ во кој било момент во „Поставки“ ќе можат да ја избришат својата историја на локации и податоци за интернет-активностите. Освен тоа, на корисниците ќе им биде овозможено да бараат и автоматско бришење на своите податоци во период кој ќе го одреди системот, а тоа е, според сегашните информации, период од 3 до 18 месеци.

Во случај корисниците да не бараат бришење на податоците во одреден временски период, ќе бидат дополнувани со податоци во период до 18 месеци, а сите податоци постари од тоа, автоматски ќе бидат избришани.

Се очекува новата опција на „Гугл“ да може да биде достапна веќе во наредните седмици на „Андроид“ и ИОС-платформите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın