наука и технологија

Тојота лансираше ново електрично возило на самостоен погон

„Автомобилната индустрија се наоѓа среде својот најдраматичен период на промени, бидејќи технологиите како електрификацијата, поврзаното и автоматско возење постигнуваат значителен напредок“, истакна претседателот на „Toyota Motor Corporation“.

Ebru Şengül  | 09.01.2018 - Обновена : 10.01.2018
Тојота лансираше ново електрично возило на самостоен погон

Ankara

АНКАРА (АА) - Тојота (Toyota) го лансираше своето ново концептно возило со нов екосистем на мобилност на Саемот за потрошувачка електроника (CES) 2018, најголемиот саем на потрошувачки технологии во светот, што започна денес во Лас Вегас, пренесува Anadolu Agency (AA).

Компанијата денес соопшти дека новото концептно возило, наречено E-Palette, ќе биде целосно автономно, батериско електрично возило со отворен контролен интерфејс, што пружа можност компаниите-партнери да инсталираат сопствен автоматски систем за возење.

„Автомобилната индустрија се наоѓа среде својот најдраматичен период на промени, бидејќи технологиите како електрификацијата, поврзаното и автоматско возење постигнуваат значителен напредок“, истакна Акио Тојода, претседател на „Toyota Motor Corporation“.

„Ова претставува голем чекор напред во нашето еволуирање кон одржлива мобилност, демонстрирајќи ја нашата континуирана експанзија многу подалеку од границите на изработката на традиционалните автомобили и камиони до создавањето нови вредности, вклучувајќи ги и услугите за клиентите“, нагласи Тојода.

Компанијата, исто така, го објави формирањето на новoто здружување (партнерство), како дел од лансирањето на возилата E-Palette, со Амазон, ДиДи, Мазда, Пица Хант и Убер.

„Новото партнерство ќе создаде широк екосистем за хардверска и софтверска поддршка дизајнирана да им помогне на бројни компании да ја користат напредната технологија за мобилност, со цел таа подобро да им служи на клиентите“, беше истакнато од Тојота.

Се додава дека партнерите ќе соработуваат во планирањето на возилата, концептот на примена и активностите за верификација на возилата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.