наука и технологија

Студија: Во светските океани во периодот креда доминирале лигњите

Истражувачите од Одделот за науки за Земјата и планетарни науки на Универзитетот Хокаидо изјавија дека доказите сугерираат дека лигњите биле далеку побројни од амонитите и рибите - спротивно на претходните претпоставки

Amir Latif Arain  | 30.08.2025 - Обновена : 02.09.2025
Студија: Во светските океани во периодот креда доминирале лигњите

АНКАРА (АА) - Јапонски истражувачи открија дека во светските океани за време на периодот креда, пред 70 милиони до 100 милиони години, доминирале лигњите, пренесува Анадолу.

Истражувачите од Одделот за науки за Земјата и планетарни науки на Универзитетот Хокаидо изјавија дека доказите укажуваат дека лигњите биле далеку побројни од амонитите и рибите - спротивно на претходните претпоставки, објави токиската „Кјодо њуз“.

Истражувањето, објавено во списанието „Science“, вели дека мекотелните суштества се појавиле пред 100 милиони години и брзо се диверзифицирале во текот на околу 6 милиони години.

Лигњите ретко се фосилизирале, обично по распаѓањето останувале само нивните „клунови“.

Тимот идентификувал 263 фосили од „клуновите“ на лигњите, со просечна должина од околу 4 милиметри додека анализирале карпи од перидот креда пронајдени на северниот остров Хокаидо.

Врз основа на облиците на „клуновите“, тимот успеал да ги класифицира лигњите во 40 видови, од кои некои биле слични на денешните лигњи.​​​​​​​

Лигњите ја имаат воспоставено својата позиција во морскиот екосистем порано од рибите и китовите, се диверзифицирани по масовното нивно истребување на крајот од периодот креда, но останаа со централно присуство до ден денес, се вели во студијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın